Search

Во Казахстан се одржуваат предвремени парламентарни избори

Во Казахстан денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои за пратеници би можеле да се изберати независни кандидати.

Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време, а околу 12 милиони гласачи ќе можат да гласаат до 20 часот.

Новина на овие избори е учеството на независни кандидати, што е знак за скромното демократско отворање на оваа централноазиска земја.

Во претходното свикување на собранието беа застапени само три партии и сите го поддржаа претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев.

Токаев, кој е на власт од 2019 година, беше реизбран за претседател во ноември со повеќе од 80 отсто од гласовите.

На денешните избори учествуваат седум партии, меѓу кои две нови.

Сепак, неколку опозициски партии и независни кандидати сè уште се забранети.

Казахстан, земја богата со природни ресурси и на раскрсница на важни трговски патишта, западна во хаос во јануари 2022 година, кога демонстрациите против високите трошоци за живот се претворија во немири во кои загинаа 238 луѓе. Протестите беа брутално задушени. 

Треба да знаете
Последни објави