Search

(Видео) Шоу на Путин во Мариупол: Среде ноќ им влезе дома на луѓето, а тие го пречекаа со храна на масата

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи, а потоа го освои минатата година.

Руската телевизија објави неколку видеа на кои се гледа како Путин вози автомобил низ улиците на Мариупол, како и дека Путин во неколку наврати го запрел автомобилот и излегол од него за да разговара со жителите.

Макс Седон, шеф на московското дописништво на „Фајненшл тајмс“ и експерт за ситуацијата во Русија, објави серија снимки емитувани на руската државна телевизија и им даде малку повеќе контекст.

„Ова е знак на пркос откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Украина вели дека 1.000 од 14.700 деца се киднапирани од Мариупол“, објави Седон заедно со снимката од Путин како вози автомобил околу Мариупол по слетувањето во градот со хеликоптер.

„ Во ова видео, Путин вози низ Мариупол полуинкогнито додека Марат Кушилин, висок функционер задолжен за реконструкција, му кажува што направила Русија за да го обнови она што нејзината војска го уништила“, вели Седон со друго видео од Мариупол.

„Кремљ, исто така, објави дека Путин ја посетил реновираната филхармонија на Мариупол, каде Русија планирала да ги одржи таканаречените судења на украинските воени заробеници минатата година, пред сепак да ги размени“, објави Седон со друго видео од Путин.

„Во ова видео го гледаме Путин како ги посетува локалните жители кои му велат дека „се молат за него“ и додаваат дека Русија им изградила „парче рај“ за да ги замени нивните уништени станови“, пишува Седон за видеото на кое се гледа како Путин „спонтано“ зборува со жителите на Мариупол.

Новинарот го привлече вниманието на уште еден детал од видеото на кое се гледа како Путин исто така „спонтано“ влегува во еден од реновираните станови во Мариупол.

„Забележете како за целта на оваа наводно спонтана посета на Мариупол среде ноќ, луѓето што живеат во овој стан донесоа храна на масата, како да е Дедо Мраз кој ненајавен пристигнал“, објави Седон со скриншот од Пропагандно видео на Кремљ.

Треба да знаете
Последни објави