Search

Вардар со гол во судиското продолжение ја продолжи низата на победи во второлигашката конкуренција

Скопски Вардар со погодокот на Владимир Жоглев во судиското продолжение, 95-та минута, ја совлада Локоматива Пехчево (2:1) и ја прокнижи петтата победа во низа, во трката за првата позиција и враќање во елитното клупско фудбалско натпреварување на мак-сцената. Вардар на теренот во Кичево каде Локомотива Пехчево беше домаќин поради казна, дојде во водство во првото полувреме со голот на Дејан Цветановски, но домаќинот израмни и се до самиот финиш одолеваше на нападите на „црвено-црните“, но не и до последниот судиски свиреж, пред кој потклекна по вторпат и остана со празни раце.

Вардар е лидер со 52 бода, пред Гостивар со 48, Воска со 47, Пелистер со 43…

Втора лига 21. коло, резултати: Локомотива Пехчево – Вардар 1:2, Борец – Арсими 2:4, Караорман – Кожув 0:0, Каменица Саса – Тетекс 0:0, Детонит Плачковица – Охрид 1:1. Вчера: Гостивар – Слога Виница 5:0, Беса -Беласица 3:0.

Треба да знаете
Последни објави