Search

Шестмина предизвикувачи ќе се обидат да го симнат Ѓукановиќ од политичката сцена

Шестмина предизвикувачи, меѓу кои е и една жена, главно опозициски лидери и инфлуенсер без никакво политичко искуство, ќе се обидат да го го симнат од политичката сцена во Црна Гора актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, на изборите в недела. Ѓукановиќ е ветеран со повеќе од 30-годишно искуство на премиерската и претседателската функција во Црна Гора. Ѓукановиќ прв пат стана претседател во 1998 година, кога Црна Гора сѐ уште беше во заедница со Србија, втор пат во 2018 година, а во меѓувреме уште седум пати беше на чело на владата. Пред неделните избори фаворитската улога ја има токму најискусниот Ѓукановиќ да освои уште еден претседателски мандат, но не се очекува тоа да го направи уште во првиот круг од изборите. По неколку години откако неговата Демократска партија на социјалисти (ДПС) ја изгуби власта, Ѓукановиќ ќе излез прв на мегдан пред гласачите да го провери рејтингот на својата партија.

Негови противкандидати се Андрија Мандиќ, од коалицијата За иднина на Црна Гора, Јаков Милатовиќ од Движењето Европа сега, Алекса Бечиќ од Демократска Црна Гора, Горан Даниловиќ од Обединета Црна Гора и единствената дама меѓу кандидатите, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ од Социјалдемократската партија на Црна Гора. Најголемото изненадување на гласачкото ливче е името на Јован Радуловиќ, кој настапува како независен кандидат, а на јавноста во Црна Гора и е многу повеќе познат како Јоџир – „инфлуенсер“ со близу четвртина милион следбеници на платформата Инстаграм.

Треба да знаете
Последни објави