Search

Министерката Петровска и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел на средба во Министерството за одбрана

Почитувани претставници на медиумите,

Денеска, 17 март (петок) во 15.45 часот, во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска ќе го пречека високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

По церемонијата за пречек, министерката Петровска и високиот претставник на ЕУ, Борел заедно со двете делегации ќе одржат средба.

Претставниците на медиумите (фото и сниматели) ќе имаат можност да ја фотографираат и снимаат церемонијата за пречек во чии рамки високиот претставник на ЕУ, Борел, ќе се ракува со дел од припадниците на Армијата кои учествувале во операцијата на ЕУ во БиХ и мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република, а има можност за фотографирање и снимање на видео инсерти и од почетниот дел од заедничкиот состанок.

Треба да знаете
Последни објави