Search

АБА му изрече суспензија и парична казна на Лесор

Кошаркарската АБА лига му изрече денеска суспензија од три натпревари и глоба од 10.000 евра на центарот на белградски Партизан, Матијас Лесор, поради инцидентот на натпреварот против градскиот ривал Црвена звезда кога го удри противничкиот играч Филип Петрушев.

Поради суспензијата Лесор ќе ги пропушти натпревари против Цедевита Олимпија, ФМП и Игокеа.

„Матијас Мичел Лесор, играч ма КК Партизан, се казнува бидејќи на натпреварот број 144, во рамки на 21 коло во АБА лигата, одиграм на 13 март во Белград меѓу КК Партизан и КК Црвена звезда прво го оттурна, а потоа и го удри во пределот на лицето играчот на Црвена звезда Филип Петрушев“, се наведува во одлуката на дисциплинската комисија на АБА лигата. 

Треба да знаете
Последни објави