Search

Разбиена голема група улични дилери на амфетамини, полициски претреси во Скопје

Во тек е голема полициска акција во Скопје во која паднала голема група улични дилери на дрога, дознава 24 Инфо од извори во истрагата.

Како што дознаваме, уапсени се поголем број на дилери на амфетамин, а меѓу уапсените дилери е и учителка во основно училиште.

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но повеќе детали најавуваат за утре, по нејзиното завршување.

Треба да знаете
Последни објави