Search

Најдобрата пријателка на Луиза ја убедувала другарката да ја убијат, а потоа ги излажала родителите

Поминаа неколку дена од страшното убиство на 12-годишната Луиза во Германија, а случајот и понатаму ја шокира јавноста.

Според последните информации, таа била убиена од нејзините другарки (13 и 12 години), поради одмазда, а сега според написите во медиумите е откриен и нов детал.

Имено, најдобрата пријателка на Луиза ја убедувала помладата другарка (12) да ја убие Луиза, пишуваат медиумите во регионот. Сомнежот е дека мотивот за убиството е одмазда.

По нападот, двете девојки се вратиле во куќата на најдобрата пријателка на Луиза.

Нешто подоцна, најдобрата пријателка на Луиза им се јавила на нејзините родители и им кажала дека таа заминала дома во шест и пол часот, дека се договориле да и се јават кога ќе дојде дома, а таа ги повикала бидејќи била многу загрижена.

Рекла дека неколку пати и се јавила на Луиза на телефон, но таа тоа не го сторила. Откако беше пронајдено телото на Луиза, девојките беа повикани на разговор и го признаа делото.

Треба да знаете
Последни објави