Search

Министерот Бочварски и амбасадорот на Кина во земјава Ѕуо разговарале за капиталните проекти и динамиката на реализација

Ве информираме дека денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорот на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е Џанг Ѕуо.

На средбата се отворија прашањата за капиталните проекти во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата.

Министерот ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Северна Македонија, посебно во делот на изградба на автопатската делница Кичево – Охрид и експресниот пат Фариш – Дреново каде изведувач е компанија од НР Кина.  Тој ја истакна потребата од заедничка заложба од сите инволвирани страни за навремена реализација на капиталните проекти. 

„Денешната работна средба со амбасадорот Џанг Ѕуо ја искористив да поразговараме за капиталните проекти, динамиката на реализација и нивното значење за регионот. Посебен фокус ставив на проектите каде изведувач е кинеска компанија. Ја нагласив потребата и значењето од навременото завршување на овие проекти и нивното влијание во создавање на новата патна мрежа во регионот.” – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка и во понатамошниот период.

Треба да знаете
Последни објави