Search

Ковачевски го тргна од дневен ред прашањето за предвремени избори

Премиерот Димитар Ковачевски го тргна од дневен ред прашањето околу предвремените избори кои подолг период постојано ги бара опозициската ВМРО ДПМНЕ. Ковачевски му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе нема предвремени парламентарни избори и дека подобро е да се фати за работа, наместо постојано да повторува за предвремени избори. Изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година.

-Прашањето за предвремени избори кое Мицкоски го најави за декември, па го презакажа за јануари е затворено, бидејќи тој тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, а на крај се покажа дека оваа Влада има зголемено мнозинство. Изборите ќе бидат во редовен термин, прво претседателските, а потоа и парламентаните изборои на кои ќе формираме проевропска влада, рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ управува со 50 општини и треба да се фокусираат на работата на нивните градоначалници, кои гледаме дека ништо не работат. Токму затоа зборуваат само на тема избори. Мицкоски треба да се фати за работа наместо само да бара избори, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Треба да знаете
Последни објави