Search

Блинкен: Муслиманите се соочени со дискриминација и омраза

Муслиманите ширум светот премногу често се соочуваат со дискриминација и омраза поради нивните религиозни убедувања, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен по повод Меѓународниот ден против исламофобијата.

Минатата година Обединетите нации го прогласија 15 март за Меѓународен ден против исламофобијата, а тој ден ја одбележуваат годишнината од нападот на две џамии во градот Крајстчрч во Нов Зеланд во 2019 година, пренесува Танјуг.

На тој ден, вооружен напаѓач упаднал во две џамии, уби 51 лице, а ранил 40 од нив.

Во соопштението од Стејт департментот, Блинкен потсетува дека секој човек, каде и да живее, има право на слобода на мислата, совеста, религијата и верувањето, вклучително и слободата да ги промени своите убедувања или да не верува.

Се истакнува дека секој човек има и слобода, поединечно или во заедница со други, јавно или приватно, да ги манифестира своите верувања за време на богослужбите, ритуалите, различните практики и учења.

„На овој ден, го привлекуваме вниманието на луѓето ширум светот кои се малтретирани, притворени, затворани или дури и убиени поради тоа како се идентификуваат и што практикуваат, затоа што преминале во ислам или затоа што се перцепирани како муслимани“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави