Search

Том Круз го прослави роденденот на сер Мајкл Кејн откога ги прескокна „Оскарите“

Том Круз му се придружи на сер Мајкл Кејн за да го прослави неговиот 90. роденден заедно со Дејвид Валијамс и Дениз Велч во вторникот вечерта.

Комичарот Вилијамс се огласи на „Инстаграм“ за да сподели фотографии со актерската легенда Кејн од неговата роденденска прослава.

На друштвото му се придружи и холивудската ѕвезда Круз, кој позира заедно со ветеранот за да го овековечи моментот со фотографија.

Актерката од Loose Women Дениз Велч исто така се приклучи на малата група пријатели на Кејн кои сите се собраа заедно да го прослават неговиот голем ден со раскошна вечера.

Таа се огласи на сопствената страница на „Инстаграм“ за да сподели насмеано селфи од себе заедно со ѕвездата, бидејќи се чини дека е на истиот настан.

Оваа дружба доаѓа само неколку дена откако Круз одлучи да ја прескокне церемонијата за доделување „Оскари“, и покрај тоа што неговиот голем хит „Топ-ган: Маверик“ беше номиниран во шест категории, вклучувајќи ја и престижната за најдобар филм.

Треба да знаете
Последни објави