Search

Гвардиола: Најдобро што можев да направам за Халанд е да му ускратам шанса да постигне шест гола

Ерлинг Халанд постигна пет гола против Лајпциг во триумфот на Манчестер Сити од 7:0 и сакаше уште повеќе, иако со пет гола на меч од Лигата на шампионите ги израмни рекордите на Лионел Меси и на Луиз Адријано.

„Сакав двоен хет-трик, му кажав на Гвардиола по замената, но ништо не можам да направам“, со насмевка прокоментира Норвежанецот кој го собори рекордот на Сити стар 94 години по број на голови во една сезона.

Досега прво место на вечната листа беше Томи Џонсон, по кого е именувана улица во градот. Тој постигна 38 гола во 1929 година. Халанд до крајот, доколку Сити стигне до финале, потенцијално има 19 меча на располагање за да го подобри својот рекорд.

Гвардиола во свој стил одговори на повиците дека го заменил Халанд за да не го собори рекордот на Меси.

-Ерлинг е многу млад, најдобро што можев да направам е да му ускратам шанса да постигне шест гола. Да го направи тоа на 22 години, во иднина ќе му биде досадно. Тој е одличен играч и секој може да го види тоа, тој секогаш е фокусиран на играта“, изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола по натпреварот.

Уште еден играч, чиј тренер бил Гвардиола постигна пет гола на еден натпревар во Лигата на шампионите – Лионел Меси во реваншот од осминафиналето во сезоната 2011/2012. постигна пет гола во победата на Барселона над Баер Леверкузен (7:1)

-Знам дека Меси постигна пет гола, но Халанд го направи тоа за 60 минути што не е случај со Лео“, изјави Шпанецот.

Сепак, најмногу смеа предизвика изјавата на менаџерот на Манчестер Сити дека и да освои три титули во ЛШ во низа, неговиот престој на клупата на „граѓаните“ ќе биде прогласен за неуспех.

Треба да знаете
Последни објави