Search

(Видео) „Војна“ на улиците во Неапол предизвикаа навивачите на Ајнтрахт

Наполи со предност од 2:0 по првата пресметка во Франкфурт, вечерва го пречекува тимот на Ајнтрахт во реваншот од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите. Увертира на оваа фудбалска пресметка во Неапол е големо насилство по улиците предизивикано од гостинските навивачи, на кои им беше откажано гостопримството.

Придружувани од навивачите на Аталанта, гостите од Гењрменија кои непоканети пристигнаа на југот од Италија запалија повеќе автомобили на локалното население и се судрија со жандармеријата.

Според италијанските медиуми, има повеќе од 400 приврзаници на германскиот клуб, засилени со навивачите на Аталанта прват нереди низ градот. Се судриле со навивачи на Наполи, но водат борби и со полицијата која има полни раце работа.

Се верува дека ова ќе биде долга ноќ за припадниците на безбедносните сили во Неапол.

Треба да знаете
Последни објави