Црвена звезда по вечното дерби лута на судиите и лицемерните изјави на тренерот Обрадовиќ

Актуелниот шампион во регионалната кошаркарска АБА-лига, белградска Црвена звезда, се огласи со соопштение по синоќешното дерби со лутиот градски ривал Партизан во кое жестоко ги нападна судиите. Вечното-дерби во рамките од 21. коло од АБА-лигата со пресврт во второто полувреме го доби Партизан (92:81). Црвена звезда која беше во улога на гостин и без поддршка на своите навивачи во „Штарк Арената“ во првиот дел имаше предност од 20 поени !

За ваквиот расплет „црвено-белите“ имаа забелешки на судењето, а се револтирани и од лицемерните изјави на противничкиот тренер Жељко Обрадовиќ, кој порача дека ова досега било најдобро делење на правдата во пресметките на големите белградски ривали.

-Лицемерните изјави на Обрадовиќ по лошо режираната претстава се само доказ дека се било однапред подготвено на веќе виден начин, а со една цел – да нѐ победат не бирајќи средства за да ги оправдаат огромни средства вложени во клубот во ситуација кога не ги плаќаат ниту даноците, се вели меѓу другото во соопштението на Ц. звезда.

„Цевено-белите“ бараат жестока казна за играчот на Паертизан Матијас Лесор поради неговиот напад врз Филип Петрушев кој на крајот од мечот можеше да ескалира и со поголем инцидент. За овој испад Лесот, од таборот на Ц.звезда сметаат дека тој не смее повеќе да игра до крајот на сезоната. 

Треба да знаете
Последни објави