Струга ТЛ го пречекува Силекс, а Шкендија ќе и биде домаќин на Македонија ЃП во полуфиналето од Купот

Шкендија ќе игра против актуелниот бранител на трофејот во најмасовното фудбалско натпреварување Македонија ЃП, а лидерот во прволигашката конкуренција Струга ТЛ ќе го пречека Силекс во полуфиналето на Купот на Македонија. Вака одлучи денешната ждрепка одржана ФФМ.

Шкендија и Струга ТЛ ќе ја имаат фаворитската улога поради домашниот терен во полуфиналните пресметките кои се играат во еден натпревар на 5 април.

Се игра еден меч, во кој ако нема победник по регуларниот дел, веднаш се изведуваат пенали за да бидат познати финалистите.

Македонија ЃП е актуелниот освојувач на Купот, додека Силекс го освои една година претходно. Од четвртфиналистите само Струга ТЛ нема трофеј, а за нив ова е трето полуфинале во низа. 

Треба да знаете
Последни објави