ФИФА потврди дека следниот Мундијал ќе се игра со 48 репрезентации

ФИФА ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство. Oд 2026 година на Мундијалот ќе учествуваат 48 репрезентации наместо досегашните 32.
Во првата фаза ќе се игра во 12 групи со по четири селекции, а првопласираните двер селекции од секоја група и осумте најдобри третопласираните селекции од групите ќе продолжат во наредната фаза. Тоа ќе значи дека за 39 дена ќе се одиграат 104 натпревари.

Така, ФИФА ќе добие уште 40 натпревари во своето најголемо натпреварување. Досега се играа 64 натпревари во формат со 32 репрезентации.

Постоеше и можност сите репрезентации да бидат поделени во групи од по три селекции, но таа идеја сепак е отфрлена.

Треба да знаете
Последни објави