Search

Русија во Украина користи стара муниција

 Поради недостиг на муниција, Русија користи застарени гранати во војната во Украина, соопштија британските разузнавачи. Таа муниција досега се сметаше за неупотреблива, соопшти британското Министерство за одбрана.

– Во последниве недели, недостигот на руска артилериска муниција веројатно се влоши до тој степен што во сила е големо штедење во многу делови од линијата на фронтот, соопшти Министерството.

– Тоа е речиси сигурно клучната причина зошто ниту една руска единица не можеше да изврши оперативно значајна офанзивна акција во последно време, соопшти Лондон и додаде дека руската одбранбена индустрија сè повеќе добива карактеристики на планирана економија.

Властите во Москва признаваат дека индустријата е клучна слаба точка во војната која се повеќе се претвора во „војна на трошење“, соопшти Министерството. 

Треба да знаете
Последни објави