Search

Отворен повик за автори за едномесечен престој во некоја од земјите во регионот

Регионалниот проект Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за резиденцијален престој каде автори од Северна Македонија, Турција, Србија, Косово, Албанија имаат можност да престојуваат во некоја од овие земји.

Целта е на авторите да им се даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со тоа да се поддржи регионалното распространување на литературни дела.

РЕАД Програмата за резиденти започнува со реализација во мај и трае до крајот на декември во зависно од избраната земјата, а престојот на авторот е еден месец.

Повикот е отворен од 1. март, а ќе трае до 30 март 2023 година. Повеќе информации за апликациите може да се најдат на линкот: https://www.goethe.de/ins/mk/kul/sup/rea.html.

Треба да знаете
Последни објави