Search

Дендиас и Лајчак разговараа за дијалогот меѓу Белград и Приштина

 Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска соопшти дека телефонски разговарал со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за најновите случувања во дијалогот.

Дендиас во објава на Твитер наведе дека го информирал Лајчак за неговата посета на Приштина.

„Денеска имав телефонски разговор со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, кого го информирав за мојата неодамнешна посета на Приштина. Актуелна дискусија за последните случувања во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, напиша Дендиас.

Грчкиот министер за надворешни работи вчера престојуваше во Приштина, каде се сретна со претседателот на Косово, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти. 

Треба да знаете
Последни објави