Одермат со победа во Крањска Гора го обезбеди Големиот глобус

 Швајцарецот Марко Одермат победи на денешниот, прв од двата велеслаломи во Крањска Гора, и со тоа го обезбеди освојувањето на Големиот кристален глобус втора година по ред во Светскиот куп во алпско скијање.

Одермат до својата 21 победа во кариерата, а десетта оваа сезона во Светскиот куп, дојде со време од 2:16, 65 минути со што за 23 стотинки го надмина Французинот Алексис Пинтеро.

Третото место на саботниот велеслалом во Крањска Гора го освои Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со заостанување од 37 стотинки. 

Треба да знаете
Последни објави