Ливерпул го понижи Јунајтед, па се посрамоти од Бормут, Салах го изведе најлошиот пенал во кариерата

Ливерпул пред шест дена го посрамоти Манчестер јунајтед со триумфот со 7-0, но попладнево „црвените“ се посрамотија со поразот од давеникот Бормут кој со тирумфот со 1-0 освои многу важни бодови за барем привремено да излезе од опасната зона за испаѓање.

Ова е удар за тимот на Клоп во битка за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Единствениот гол на мечот го постигна Билинг во 28. минута од натпреварот.

Во 69. минута беше досуден пенал за Ливерпул, Салах шутираше но тоа го направи очајно лошо, го промаши целиот гол. Тој никогаш претходно во кариерата во Премиерлигата со шут од пенал не го промашил голот.

Бормут сега дојде до 24 бода на 16-то место, два бода од првиот во опасната зона Лидс и претпоследниот Евертон, кои имаат по 22 бода. Ливерпул, пак, остана на петтото место со 42 бода, три помалку од Тотнем кој е четврти во трката за место во ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави