Search

АБА2: Пелистер поразен од директниот конкурент за повисок пласман

Битолски Пелистер кој веќе има пласман во плејофот во АБА2-лигата не успеа да ја победи Подгорица во последното коло од регуларниот дел, па со денешниот пораз со 84-97 ќе влезе во плејофот од седмата или осмата позиција во зависност од пресметката на Сутјеска и Слога.

Хелиос Домжале, Крка или Златибор се потенцијалните ривали на битолчани во зависност од дуелот на Сутјеска и Слога, во која ако победат никшичани битолчани ќе одат на првиот тим Хелиос, а ако победи Слога ќе се судрат со победникот од пресметката помеѓу Златибор и Крка.

Иако тргнаа одлично, па имаа двоцифрена предност по првата четвртина 28-18, Пелистер застана во следните две четвртини, па Подгорица со двапати по шест разлика во тие периоди ја стопи предноста и го презема водството, за во завршниот период со подобриот шуд да дојде до победата.

Карпентер даде 24 поени, а Силаџи погоди 20 кај Пелистер, додека Кљајевиќ со 19 и Боговац со 13 беа најефикасни кај Подгорица.

Треба да знаете
Последни објави