ЕСМ со 80 отсто зголемено производство на струја во февруари, во споредба со истиот месец лани

Во февруари годинава капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино произведоа вкупно 504.338 MWh електрична енергија и споредено со февруари 2022 година преставува зголемување за 80 проценти.

Добивај вести на вибер

Во првите два месеци од оваа година вкупното производство на електрична енергија од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино изнесува 1.065.689 MWh и споредено со истиот период во 2022 година преставува зголемување за 49 отсто.

„Во февруари, АД ЕСМ, во услови на криза, успеа да постигне ново рекордно дневно производство во последната деценија. На 12 февруари АД ЕСМ во своите капацитети произведе 22.933 MWh електрична енергија што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години и нов рекорд во работењето на АД ЕСМ во последната деценија, благодарение на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата“, информираат од ЕСМ.

Позитивните резултати во работењето, како што велат, се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, како и подобрената хидрологија.

Треба да знаете
Последни објави