Search

90.000 евра што се најдени постои сомнеж дека некој нарачувал и плаќал да се објавуваат текстови на „Доказ“ вели Бубевски

Бубевски вели дека една од тезите по кои се води ОЈО Скопје и за што постојат основани сомнежи е тоа дека некој нарачувал и плаќал за да се објавуваат текстови на „Доказ“, за што индикација биле и паричните средства во износ од околу 90 000 евра што се пронајдени при претресот на домот на сопственикот на порталот вели за 360 степени.

Се надевам дека ќе стигнеме до нарачателите затоа што во таа насока и работиме и мислам дека доказниот материјал ќе го обезбедиме, вели шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски, на прашањето дали ќе се откријат нарачателите на текстови што ги објавуваше „Доказ“ како дел од вториот случај поврзан со сопственикот на порталот, Марјан Стаменковски.

Бубевски вели дека една од тезите по кои се води ОЈО Скопје и за што постојат основани сомнежи е тоа дека некој нарачувал и плаќал за да се објавуваат текстови на „Доказ“, за што индикација биле и паричните средства во износ од околу 90 000 евра што се пронајдени при претресот на домот на сопственикот на порталот.

„Во зависност од тоа дали од таа нарачка произлегува одредено кривично дело и ако се користи за одредено кривично-правно дејствие и предизвикала штета, за таа нарачка, нормално, дека веќе ќе има некакво поттикнување, но тоа треба да оставиме да видиме како ќе тече тој дел“, вели Бубевски.

Во моментов, случајот е во предистражна постапка и се вршат вештачења на предмети обезбедени при претресот на обвинителите.

„Еден дел од телефоните се извештачени и тие се анализираат во контекст на објавите кои ги имало и во контекст на она што е пронајдено во домот на лицето и ќе треба да се направи анализа. Си уште не се довршени вештачењата на компјутерите, тие се во тек и очекуваме да завршат во најбрз можен рок и мислам дека многу брзо ќе имаме некаква завршница“, рече Бубевски.

Прашан дали ОЈО Скопје ќе останело немо во овој случај доколку пишувањата не ги засегнале нив лично како фела и обвинители, Бубевски вели дека постапката за кривично-правните дејствија за кои се гони сопственикот на „Доказ“ започнала многу порано, а Стаменковски добил одредени информации дека се води одредена постапка против него и затоа преку порталот се обидел да го оцрни обвинителството во очите на јавноста.

Одбраната на Стаменковски бараше изземање на ОЈО Скопје од случајот бидејќи дел од жртвите се истражители кои се ангажирани во ова обвинителство, но вишото обвинителство го одби барањето.

Треба да знаете
Последни објави