Search

Филип Ф. е осомничениот за убиството на Јеховините сведоци во Хамбург

Германските медиуми објавија дека Филип Ф. е човекот кој во четвртокот вечерта ја нападна црквата на Јеховините сведоци во Хамбург. Во пукотницата според досегашните информации, загинале осум лица, а се чини дека меѓу нив бил и напаѓачот.

Шпигел објави дека 35-годишниот Филип Ф., кој имал дозвола за огнено оружје. Како што е напишано на неговата веб-страница, Филип Ф. израснал во тивкиот Кемптен во Алгау, во строго религиозно домаќинство. По завршувањето на средното образование се обучува како банкарски службеник во една германска приватна банка.

Потоа студирал бизнис администрација и по разни престои во странство се населил во Хамбург. Неодамна работел во деловен центар.

На веб-страницата на неговата компанија тој се опишува себеси како „мултикултурен“ и „самоуверен Европеец“. Засега не е познат мотивот за убиствата.

Треба да знаете
Последни објави