Search

Си Џинпинг доби едногласно трет претседателски мандат во Кина

Си Џинпинг останува претседател на Кина и во следните 5 години откако на масовниот Национален народен конгрес, ги освои гласовите на сите присутни 2.952 делегати. И во 2018 тој имаше сличен резултат кога го освои вториот мандат.

Си е прв кинески претседател кој добил трет мандат и човек кој најдолго бил на чело на државата од основањето на комунистичка Кина во 1949. Дури и Мао Це Тунг, основачот на модерна Кина, остана само 10 години на власт.

На редовниот конгрес на Си ќе му биде обновен и мандатот за претседател на Централната воена комисија, со што под свое ја има најголемата армија на светот по бројот на активни војници.

На конгресот беше најавено и засилување на надзорот на кинескиот финансиски систем (со тежина од околу 60 илјади милијарди долари), нова агенција за менаџирање со податоци и преструктуирање на министерството за наука и технологија.

Гласањето на конгресот е повеќе процедурално и шанса да се видат сите делегати од цела Кина на едно место.

Треба да знаете
Последни објави