Search

Бугарија го отстранува споменикот на советската армија од центарот на Софија

Градскиот совет на Софија гласаше за отстранување на споменикот на советската армија од центарот на градот и повика да се понуди решение за пополнување на празниот простор што ќе остане по отстранувањето на споменикот.

За отстранување на споменикот гласаа 41 пратеник, 14 беа против, а еден воздржан, објави веб-страницата на Бугарското радио.

Градскиот совет ја задолжи градоначалничката на Софија, Јорданка Фандукова, да побара од државните органи да ја почитуваат оваа одлука, во согласност со сите валидни процедури, споменикот да се премести во музејот на социјалистичка уметност или на некоја соодветна локација надвор од градот.

За време на гласањето се протестираше и пред зградата на градскиот совет, бидејќи имаше граѓани кои не сакаат споменикот да се премести.

Треба да знаете
Последни објави