Search

Леб 33, ама нафора 150 денари-зголемени цените во угостителските објекти

Додека Владата и прехранбената индустрија водат „војна“ околу цените граѓаните гледаат да најдат начин како најевтино да го поминат месецот.
Во таа насока, по лебот, Владата најави поевтинување и на други производи.

-Ќе поевтинат тестенините, млекото, удрата, сирењето. Одлуката за замрзнување на нивните цени ќе се носи утре, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

До утре наутро Бектеши ќе почека да види колку самите производители и увозници ќе ги намалат цените, а потоа со премиерот Димитар Ковачевски ќе информираат какви одлуки ќе донесе Владата и кои цени на овие производи ќе се замрзнат.

Сепак, потрошувачката кошничка ја сочинуваат и други трошоци освен основните за прехранување на едно семејство. Па така, во зависност од примањата и од длабочината на џеповите, граѓаните- некој редовно, други поретко излегуваат во кафеани, кафулиња, одат во посета на излетнички места…

Статистиката покажува дека цените на угостителските услуги во февруари годинава се зголемени за 0,1 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на февруари 2022 година бележат раст од 14,8 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари во споредба со јануари зголемување на цените е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,5 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто.

Цените на угостителските услуги, пак, во првите два месеца од годинава година се зголемени за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година, додека во однос на декември 2022 година цените за зголемени за 0,7 отсто.

Редакцијата на 24 Инфо направи „прошетка“ на попознати угостителски објекти во Скопје со забелешка дека има и места каде може да се јаде и пие по поевтини цени.

Па така, традиционалниот доручек за скопјани за време на пауза- шкембе чорба со лепче и чашка ракија ги чини меѓу 300 и 400 денари во зависност од локалот. Чорбата се продава од 150 до 230 денари, додека лепчето е 30 денари. Ако на тоа се додаде и кафе, или еспресо или макијато за тоа ќе треба да додадат од 60 до 120 денари. Омлетот, во зависност од додатоците се продаваат од 150 до 220 денари.

За излегување на ручек или вечера скопјани имаат голем избор, од ланч барови до традиционални кафеани и луксузни ресторани.

Без да се навлегува во специјалитетите на секој од нив, ручек или вечера започнува со ракија која најчесто е 100 денари и „шопска салата“ над 170 денари. За мезе пилешки прсти во просек 250 денари, похувани или чипс тиквички од 160 до 240 денари.

За ручек „шарска“ плескавица од 210 до 310 денари, ражнич или вешалица-свински од 190 до 400 денари, порција помфрит од 110 до 150 денари, нафора од 90 до 140 денари.
Љубителите на пасти, болоњезе или карбонара ќе платат од 300 до 360 денари порција, додека лигњи печени или на скара се продаваат од 550 до 660 денари, а за гостите со подлабок џеб порција лосос ги чини од 1800 до 2300 денари.

Чаша вино чини од 200 до 250 денари, додека шише од 075 лити се продава од 600 до 1000 денари, пивата-било од шише или точено во зависност од марката се продаваат од 110 до 180 денари, а чаша виски 200 денари.
Цените на алкохолните пијалоци во каулињата се поевтини, се движат од 8о денари за газирани сокови до 120 денари за пиво, со забелека дека цените во дискотеките се повисоки, па пивото се продава за 200 денари.

Треба да знаете
Последни објави