Search

Владика Петар: На нероден Петко не можеме да кроиме капа

Откако е објавено дека Владиката Петар ќе отвори регионална телевизија, тој за Канал 5, сликовито објасни дека ќе почека прво да се отвори, па ќе излезе со информации за медиумот предвиден да емитува забавно-општ карактер.

„Додека не ја отвориме, нема зошто да даваме информации. На нероден Петко не можеме да кроиме капа. Штом ја отвориме, тогаш ќе имаме и ние точни сознанија што и како ќе биде“, изјави владиката. 

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, рече дека очекува тој набргу да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис.

Треба да знаете
Последни објави