Search

Пренџов: Оваа влада е непринципиелна, не излегла на избори и ова не е европски фронт туку фронт за спас на некои политички кариери

Во вечерашната емисија „За или Против”  на Алфа телевизија пратеникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов истакна дека оваа влада е непринципиелна, не излегла на избори а ова не е европски фронт туку фронт за спас на некои политички кариери.

„Ова е непринципиелно што се случува бидејќи имаме класично изигрување на волјата на граѓаните во Македонија и пред се на волјата на нашите сограѓани албанци сите оние граѓани кои што гласаа за Алијанса на Албанците гласаа тие да бидат опозиција.Тие во никој случај не гласаа да Алијанса и ДУИ бидат во една влада и тоа е нечесно што им се прави на нашите сограѓани и тоа една од причините зошто довербата на јавноста на граѓаните во политиката во институциите е на рекордно ниско ниво во овие последни 30 години”, рече Пренџов

Пренџов истакна дека оваа влада не се бори против корупцијата бидеќи 6 години се на власт а од борба со корупцијата нема ништо.

„Не се согласувам со колешката Зајкова дека ќе имало борба против корупцијата да не заборавиме денес не е 2017 година, тогаш можеби многу веруваа дека ќе има борба против корупцијата но за 3 месеци од денес 6 цели години СДСМ и ДУИ се на власт. И како поминуваат овие години така сме се полошо и полошо според перцепцијата на корупција која што не ја зборува само опозицијата туку ја зборуваат сите реномирани меѓународни организации”, истакна Пренџов.

Пренџов додаде и дека оваа влада не е европски фронт, дека ова нема никаква врска со Европската Унија туку ова е фронт за спас на определени политички кариери во власта на луѓе кои што никогаш не се појавиле на избори.

„Сметам дека ова не е европски фронт ова нема никаква врска со Европската Унија ова е фронт за спас на определени политички кариери во власта на луѓе кои што никогаш не се појавиле на избори и практично ние имаме денес конечно она што СДСМ го зборуваше кога беа во опозиција една киднапирана држава, денес имаме киднапирана влада која што ја командуваат луѓе кои што никогаш претходно не биле на избори тоа е ниту Ковачевски ниту Артан Груби, ниту Маричиќ ниту Бујар Османи тие никогаш не излегле пред ниту еден граѓанин” , нагласи Пренџов.

Пренџов истакна дека довербата во судството е 3 проценти, 9 од 10 луѓе кои ја поддржуваат власта сметаат дека немаме независно и нормално судство.

„Довербата во судството е 3 проценти, јас секогаш давам пример ако да речеме СДСМ, ДУИ, Алијанса, ЛДП и другите партии кои што се заедно во коалиција имаат некаде околу 30 проценти рејтинг во државата а довербата во судството е 3 проценти тоа ви зборува дека 9 од 10 луѓе кои што ја подржуваат оваа власт сметаат дека ние немамме независно и нормално судство. И тука одбрана едноставно нема” нагласи Пренџов.

Пренџов кажа и дека луѓето го прават системот, кои луѓе ќе ги ставите на определено место таков систем и ќе имате. Ако ставите криминалци на определено место ќе имате криминален систем, ако ставите чесни и одговорни луѓе ќе имате чесен и одговорен систем.

„Велите заедно да направиме реформи, ние го предлагаме Саво Климовски вие го предлагате Љубомир Јовески, малку му беше јавен обвинител 6 години сега треба да оди во Уставен суд. Луѓето го прават системот кои луѓе ќе ги ставите на определено место таков систем и ќе имате. Ако ставите криминалци на определено место ќе имате криминален систем ако ставите чесни и одговорни луѓе ќе имате чесен и одговорен систем” рече Пренџов.

Треба да знаете
Последни објави