Search

Кулушевски: Горд бев како Македонец кога Пандев даваше голови во Интер

Ѕвездата на лондонски Тотнем, Дејан Кулушевски, Македонецот кој избра да игра за родната Шведска, се присети во интервју за УЕФА на своето детство и уживањето да ја гледа најелитната Лига на шампионите сонувајќи еден ден да игра во елитното друштво, што потоа како тинејџер доби шанса со Аталанта, па Јувентус, а сега со лондонскиот премиерлигаш.

Кулушевски е најголемиот талент што Македонија го загуби, иако тргна со настапи за младите селекции до 16 години, ама на крај сепак се реши да игра за Шведска, чиј стандарден репрезентативец е. И кога ќе се спомене ЛШ и неговото детство, елитата најмногу ја памети по еден гол на македонската легенда – Горан Пандев.

„Вторниците и средите дома, кога имав девет години, беа загарантирани за фудбал. Пуканки и Лига на шампиони со моето семејство. Уживавме да ги гледаме најдобрите екипи и анјдобрите фудбалери на светот. А, нешто што најмногу ми остана во сеќавање од тие денови на гледање на ЛШ, беше голот на Горан Пандев против Баерн во 2011 година во Минхен. Тој е Македонец, како јас и родителите и бевме многу горди што Горан даде таков еден важен гол“, вели Кулушевски.

Тој денеска ќе биде една од ударните сили на Антонио Конте во битката да се надополни голот негатива против Милан (0-1) за пласман во четвртфиналето во мултимилионската елита.

Треба да знаете
Последни објави