Search

Зечевиќ и Богоев со в.д. амбасадорот Граф: Членството во ЕУ нема алтернатива

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ-Вардарски и потпретседателот Стефан Богоев денеска се сретнаа со вршителот на должноста амбасадор на Германија, Ото Граф.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во земјата, спроведувањето на реформите, скрининг процесот и европскиот пат на државата. 

-Со реконструкцијата на Владата обезбедивме потребна политичка стабилност на подолг период а зголеменото мнозинство директно влијае на подобра ефикасност на Собранието во спроведување на реформите во економијата и европската агенда на земјата. Очекувам мнозинството дополнително да расте во периодот што следува. Членството во ЕУ е единствениот пат за напредок на земјава и СДСМ е посветена на реализација на оваа стратешка, државна и национална цел, рече Зечевиќ.   

Генералниот секретар на СДСМ се заблагодари на силната поддршка на Германија за европскиот пат на земјава и изрази очекување дека таа ќе продолжи и во иднина.

Заеднички беше оценето дека членството во ЕУ е важно за граѓаните затоа што значи подобар животен стандард, повеќе пари, инвестиции, нови и добро платени работни места, подобро образование, здравство и највисоки стандарди во сите области.

Неопходно е спроведувањето на сите реформи потребни за членство во ЕУ како и реализација на чекорите за продолжување на европскиот пат. Сегашните и идни македонски генерации да имаат подобра и извесна иднина дома, во сопствената татковина, полноправна членка на ЕУ. Затоа е важно да продолжиме по европскиот пат и оттука сите заложби на политичките субјекти во земјава треба да се насочат кон иднината, кон исполнување на оваа стратешка цел, беше заклучено на средбата.

Треба да знаете
Последни објави