Search

Блокирана Грчка: Десетици илјади на улиците уште протестираат за трагедијата кај Лариса

Десетици илјади луѓе и денеска излегоа на улиците на грчките градови, поради железничката несреќа кај Лариса во која загинаа 57 лица.


На некои места протестите прераснаа во судир со полицијата. Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон полицијата, која употреби солзавец и шок-бомби.

Јавниот превоз е суспендиран низ целата земја, во пристаништата остануваат и бродови и траекти.

Треба да знаете
Последни објави