Search

Анчелоти си заминува од Реал Мадрид, Артета негов наследник

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е под голем притисок и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез активно бара негова замена, а наводно изборот паднал на тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Шпанските медиуми пишуваат дека Перез ќе го отпушти Анчелоти на крајот на сезоната, ако клубот не ја освои титулата во Ла Лига и не го одбрани пехарот во Лигата на шампиони, а потоа на кормилото на тимот сака да го донесе Артета кој го предводи Арсенал кон прва титула во Премиерлигата по долга пауза.

„Кралевите“ во моментов имаат девет бодови помалку од лидерот Барселона, а преговорите со Артета се очекува да почнат пред крајот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави