Search

Азар сака да остане во Реал до истекот на договорот

Белгискиот фудбалски интернационалец Еден Азар сака да си го одработи догворото со шпанскиот Реал Мадрид до крајот. Договорот на Азар со „кралевите“ му завршува во 2024 година.

Според „Бернабеу Дигитал“, 32-годишниот играч се сретнал со раководните лица на Реал Мадрид во февруари и го информирал претседателот Флорентино Перез за неговата желба да остане во тимот до 2024 година. Белгиецот не преговара со други клубови.

Според изворот, приоритет на Азар е среќата на неговите најблиски. Семејството на фудбалерот е многу удобно во Мадрид, а еден од неговите синови неодамна се приклучи на академијата на Реал Мадрид.

Претходно беше објавено Азар би можел да продолжи да игра во мадридскиот клуб доколку се промени главниот тренер во тимот.

Фудбалерот му се приклучи на Реал Мадрид во јули 2019 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна еден гол и една асистенција на седум натпревари за „кралевите“.

Треба да знаете
Последни објави