Search

Челси со помош на ВАР ја елиминираше Борусија, Бенфика го демолираше Бриж

Англискиот премиерлигаш Челзи славеше со 2:0 над Борусија Дортмунд во реванш мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите и овој резултат беше доволен за пласман во следната фаза од елитното натпреварување на УЕФА. Борусија Дортмунд во првиот меч победи со 1:0 и тоа се покажа како недоволно за да се радува по мечот на „Стемфорд Бриџ“.

Рахим Стерлинг погоди за 1:0 пред крајот на првото полувреме, откако англискиот репрезентативец одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите.

На почетокот на второто полувреме се случи драма која се покажа како клучна за овој двомеч. Во 48 минута топката удри во рака на еден играч на Борусија Дортмунд, па арбитрите од ВАР собата сугерираа дека треба да има пенал. Каи Хаверц реши да го изведе пеналот, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се мислеше дека резултатот ќе остане 1:0, повторно се јавија судиите од ВАР собата кои сигнализираа дека играчи на Борусија предвреме влегле во шеснаесетникот и пеналот мора да се повтори. Од повторената ситуација, Хаверц успеа да погоди за 2:0, а тој погодок се покажа како клучен за пласман на Челзи во четвртфиналето од елитното натпреварување на УЕФА.

https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1633216802837635073

Португалскиот гигант Бенфика обезбеди место во четвртфинале, откако вечерва со 5-1 го декласираше Клуб Бриж во реваншот, или со вкупни 7-1 од двомечот во првото скалило на нокаут-фазата.

Бенфика уште во втората минута постигна гол за водство, но истиот беше поништен поради офсајд. Сепак, домаќините продолжија со нападите кон голот на гостите од Белгија и преку Рафа Силва и Рамош стигнаа до водство од 2-0.

Рамош зголеми на 3-0 во 57. минута, по што мрежата на гостите ја погодија и Жоао Марио и Нерез, а до крајот на мечот Клуб Бриж успеа да намали на 1-5.

Треба да знаете
Последни објави