Search

Украина врати 307 деца од окупираните територии

Украина врати 307 деца од териториите контролирани од руските сили на истокот на земјата, вклучително и 8-годишно момче кое неодамна беше вратено кај својата баба, соопшти украинскиот омбудсман.

Украинските власти проценуваат дека повеќе од 16.000 деца се депортирани во Русија од почетокот на руската инвазија пред една година, но Русија тврди дека луѓето доброволно биле евакуирани од Украина.

„Канцеларијата на Комесарот за човекови права на крајот на февруари доби барање да помогне да се извлече дете од територијата која е привремено под руска окупација“, изјави народниот правобранител Дмитро Лубинец.

„Во рок од неколку дена, со помош на персоналот на канцеларијата на Народниот правобранител, детето се сретна со неговата баба“, рече тој без да открие детали за операцијата.

Во првите месеци од војната е забележано најмногу движење и миграција на луѓе. Руското министерство во средината на август објави дека 3,5 милиони луѓе, вклучително и повеќе од половина милион деца, биле однесени во Русија.

Според украинското државно обвинителство, во војната досега загинале 464 деца.

Полицијата проценува дека околу 356 од нив се исчезнати.

Русија постојано ги отфрла обвинувањата дека намерно гаѓала цивили, како и обвинувањата дека насилно ги преселила Украинците,пренесе Индекс.хр.

Треба да знаете
Последни објави