Search

Се работи на расчистување на двојното убиство во Старата скопска чаршија и откривање на сторителите

По синоќешното двојно убиство во угостителски објект во Старата скопска чаршија се очекува да бидат објавени дополнителни информации за случајот во кој е повредено и едно лице.

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи ноќеска вршеа увид во угостителскиот објект, а после полноќ од локацијата почна повлекувањето на бројните полициски сили што го обезбедуваа местото. 

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи вечерва врши увид на лице место во угостителски објект во Старата скопска чаршија во кој во оружен инцидент убиени се две лица, додека

Според првичните информации на Јавното обвинителство, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на самото место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош.

-Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите, информираа од ЈО.

Од МВР претходно соопштија дека во СВР Скопје синоќа во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е.И., кои починале на самото место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

Како што изјавија за МИА од Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, едно лице со две прострелни рани е донесено во оваа клиника синоќа во 20.15 часот со приватно возило. Констатирана му е прострелна рана во пределот на левото стапало и поголема рана во пределот на десната потколеница, а по укажаната лекарска помош  е пуштено на домашно лекување.

Треба да знаете
Последни објави