Search

Државната секретарка во МВР учествуваше на трибина на тема „Резултати од борбата за родова еднаквост”

Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска, по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, ја поддржа Секцијата на жените при Македонскиот полициски синдикат учествувајќи на трибина на тема „Резултати од борбата за родова еднаквост”, која што денеска се одржа во Велес.

Во своето обраќање Несторовска порача: „Не се откажувајте од битките и нека не ве демотивираат ситните неуспеси. Некои битки мора да се водат повеќе пати! Поработете на родово сензитивизирање на вашите колеги мажи, па и жени, со силата на аргументите ќе ги натерате да ги видат работите низ диоптрија ослободена од стереотипи.”

Таа пред присутните на трибината, исто така, истакна дека: „Најважната мисија и вашиот најтежок испит е мирот и безбедноста во светот да станат траен бенефит на родовата рамноправност! И секогаш кога ќе има повеќе жени во униформа, тоа за луѓето да биде потврда дека мирот и безбедноста се загарантирани!”

Треба да знаете
Последни објави