Search

Груби му посака успешна кординација на Османи на ДУИ во Чаир

Првиот вицепремиер Артан Груби доцна синоќа му ја честиташе новата партиска функција на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше поставен за координатор на партискиот огранок во Чаир на местотот на потпретседателот на ДУИ и предводник на „Огнената група“, Изет Меџити.

„На Бујар му посакувам добра работа во координирање на активностите на Демократската унија за интеграција во Чаир. Покрај онаа на претседателот, Бујари ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурата во Чаир по три години отсуство на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во огранокот. Ве повикувам сите да се придружите со сите ваши идеи и акции за посилна и пообединета ДУИ во Чаир“, соопшти Груби.

Меџити претходно рече дека одлуката е неуставна, бидејќи не поминала низ партиски органи. Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

„Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи“, изјави Меџити.

Треба да знаете
Последни објави