Search

Огромна огнена топка црн чад: Снимен моментот на падот на авион во Њујорк, има и жртви

Едно лице загина, а две други се повредени вчера кога мал авион се урна во населбата Лонг Ајленд, а снимката од несреќата се појави на социјалните мрежи.

Авионот се урнал околу 15 часот по локално време, соопшти полицијата на округот Сафолк.

Пилотот пријавил чад во пилотската кабина додека леталото се приближувало до аеродромот Република, изјави портпаролката на Националниот одбор за безбедност на транспортот, пренесува New York Post.

На драматичната снимка може да се слушне моторот на авионот како испушта морничав звук, проследен со голема експлозија. Потоа се гледа огнена топка пред облак од црн чад да се издигне од зад дрвјата.

„Во суштина, слушнавте та-та-та, а потоа одеднаш слушнав тресок“, рече локалниот жител Кен Дефритас, чија камера на вратата ја сними експлозијата во шумска област во близина на неговиот дом.

Сите тројца патници се наоѓале во едномоторниот авион „Пајпер ПА 28“ кој се урна на островот Лонг Ајленд, западно од Њујорк.

Повредените патници со хеликоптер биле пренесени на лекување во болницата „Стони Брук“.

Американската Федерална управа за воздухопловство (FAA) Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) ќе спроведе истрага за причините за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави