Search

Еден од убиените е наркобос од Грчец, убијците го запалите автомобилот со кој избегале

Наркобосот од Грчец, Јетон Кривањева викан Жила е еден од двајцата убиени вечерва во Шиша бар.

„На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Засега нема други официјални информации.

Како што пишува Нетпрес

во локалот „Шиша бар“ влегле четири маскирани со фантомки лица во црни униформи со автоматски пушки и се претставиле како полиција која врши рација, по што се упатиле кон една од канцелариите во локалот а откако влегле во просторијата отвориле оган.

Четворицата на местото на злосторството се довезле со возило „Ауди А6′  влегле во локалот, се претставиле како полиција, се качиле на вториот кат од објектот и влегле во мониторинг салата каде стрелале кон неколку лица. Според неофицијалните информации, седум лица се ранети покрај двете жртви, дознава НетПресс.

По пукањето осомничените со „Аудито А6“ се упатиле кон скопската населба Шутка каде на улица „Вашингтонска“ го запалиле автомобилот. Возилото имало фалсфивикувана регистарска табличка со број „SK8870BC“.

Треба да знаете
Последни објави