Search

Денеска ќе биде распишан нов повик за приватни превозници

Денеска ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град. Новото координативно тело за преговори на 1-ви март се договорија со градоначалничката Арсовска да се отвори јавен повик за сите превозници, а таа им ветила и субвенции за обнова на возниот парк.

Приватните превозници се надеваат дека со своите автобуси на улиците ќе се вратат од 20-ти март.

Од Град Скопје тогаш соопштија  дека на јавниот повик нема да може да учествуваат „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ поради пречките кои произлегуваат од претходниот, сега веќе раскинат  договор кој предвидуваше забрана за учество на јавен повик доколку договорот се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина. Затоа сега приватните превозници ќе се преијават на јавен повик со нови имиња на фирмите.

Јавниот превоз на главниот град со месеци е во хаос, бидејќи нема доволно автобуси на сите линии.

Хаосот настана откако во ноември приватните превозници се повлекоа и престанаа да сообраќаат поради долгови кои бараа да им ги исплати Град Скопје. Градските власти пак ги отфрлија наводите дека должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не е во право. Јавниот градски превоз, сега сообраќа само со автобусите на ЈСП, а град Скопје претходно објави два огласи за приватни превозници но на нив не се пријави ниту една компанија.

Треба да знаете
Последни објави