246 санкционирани возачи во Скопје: 42 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Треба да знаете
Последни објави