Search

Брус Вилис прв пат во јавноста откако беше објавена дијагнозата

Холивудската ѕвезда Брус Вилис (67) за прв пат е виден во јавноста откако беше објавено дека му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција. На фотографиите и видеото кое го објави Дејли Мејл, актерот од хит филмскиот серијал „Умри машки“ го поминал четвртокот со двајца пријатели во Санта Моника, Калифорнија.

Инаку, семејството на актерот се огласи пред две недели за да открие дека Вилис боледува од сурова болест која може да предизвика забавено движење, вкочанетост, проблеми со рамнотежата и промени во однесувањето или говорот.

“Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза. ФТД е сурова болест за која многумина од нас никогаш не слушнале и може да влијае на секого. За луѓето помлади од 60 години, ФТД е најчеста форма на деменција, и бидејќи дијагнозата може да трае со години, ФТД е веројатно многу пораспространета отколку што знаеме“, изјавија неговата сопруга Ема Хеминг, поранешната сопруга Деми Мур и петте ќерки на веб-страницата на Здружението за фронтотемпорална дегенерација на 16 февруари.

Семејството на Вилис рече дека нема лек за болеста и се надеваат дека секое медиумско внимание може да помогне да се подигне свеста за потребата да се истражува.

Треба да знаете
Последни објави