Министерот Крешник Бектеши во гостувањето на Сител најави дека веќе следната недела ќе бидат познати производите чии цени ќе се замрзнат, а тестенините и млечните производи се следни на списокот.
-Сите производи кои се наведени во одлуката на владата за замрзнување на трговската маржа, или пак профитна маржа како што е позната во јавноста, сите ќе се анализираат. Моментално се анализираат млечните производи и тестениите. Најверојатно наредната недела или кон крајот на неделата, ќе видиме што ќе покажат и анализите, ќе се носат соодветни одлуки и ќе продолжиме со сите други производи кои се во одлуката, вели Бектеши.