Search

Левица: ДПМНЕ-СДС-ДУИ одбија референдум за зонско паркирање во Гази Баба

Иако градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски во предизборната кампања (со која и победи на локалните избори) како решение за постоечките проблеми со паркирањето промовираше катни гаражи, сега тој воведува зонско паркирање на територија на општина Гази Баба, почнувајќи со населеното место Автокоманда.

Левица остро се спротиставува на ваквиот предлог, бидејќи тоа нема да го реши проблемот туку само ќе го префрли во најблиските соседни општини, што веќе е потврдено во пракса во општините кои имаат воведено зонско паркирање.

На 23-тата седница на Советот на општина Гази Баба, советниците на Левица поднесоа барање за локален референдум по однос на зонскиот паркинг, бидејќи сметаме дека жителите на Гази Баба, односно Автокоманда не беа свесни дека ќе дојде до ваков момент.

Иако други беа ветувањата на локалната власт, се инсистира на реализација на проект кој докажано не го решава проблемот. За жал, барањето не беше внесено во дневниот ред на седницата, бидејќи не беше поддржано од останатите советници, со што на жителите на Гази Баба им се скрати можноста демократски да се изразат за воведување зонско паркирање.

Тивката коалиција на овие три партии во Советот на Гази Баба повторно се потврди во пракса, и повторно на штета на јавниот интерес за жителите на Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави