Search

Блинкен и Лавров кратко разговараа на маргините од состанокот на Г-20

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска разговараа на маргините на состанокот на Г-20 во Њу Делхи помалку од десет минути, изјави висок претставник на Стејт департментот.

„Во, како што се верува, првиот ‘еден на еден’ разговор меѓу двајцата високи дипломати откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, Блинкен повтори дека Вашингтон е подготвен да ја поддржува одбраната на Украина се додека е потребно“, рече американскиот официјален претставник.

Лавров не го спомена состанокот на прес-конференцијата што ја одржа по состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20.

Руското Министерство за надворешни работи потврди дека Лавров и Блинкен разговарале „во од“, но дека не станувало збор за преговори или средба меѓу двајцата шефови на дипломатијата. 

Треба да знаете
Последни објави