СДСМ: Антикорупциска и Обвинителство да го испитаат случајот со имотот на Мицкоски

Надлежните институции, Антикорупциската комисија, Обвинителство, по допрен глас, да ги истражат наводите за имотот на Христијан Мицкоски и да ја информирата јавноста.

Повеќе медиуми деновиве изнесоа информации дека семејството на Мицкоски има куќа во Козле, која според нивни проценки, е вредна над 1 милион евра.

Медиумите исто така објавија дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен имот на повеќе локации, во Скопје, Охрид и Црна Гора.

Јавноста очекува одговор како се стекнуваат милионски имоти со просечна плата на универзитетски професор, или зад трупањето имот се крие нешто друго.

Добро е позната кавгата на Мицкоски со Данела Арсовска, која го обвини за рацете во медот.

Во тек е истрага за случајот Делчевски ниви, во којшто постои основано сомневање за вмешаност на лица од ВМРО-ДПМНЕ и случајот води директно до Белиот дворец.

Христијан Мицкоски да одговори пред јавноста за овие информации, за куќа на блиско семејство и за информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави